GLOBALGAP - Систем за Добра Земјоделска Пракса

GLOBALGAP или системот за добрата земјоделска пракса (ДЗП) се однесува на контролирана употреба на ѓубрива, пестициди, хербициди и др. Контрола на токсични елементи биолошки агенси, микотоксини и други контаминенти во производот.

Препораките и информациите кои ги нуди ДЗП се однесуваат на животната средина, економската и социјалната сигурност на производство на фарма (farm production), како и после производствени процеси, а резултираат со безбедност на храната како и земјоделски производи кои не се користат за човечка исхрана.

Имплементацијата на ДЗП ги охрабрува сите фармери, производители на храна, преработувачи, трговци, потрошувачи, како и владите да работат на добивање на сигурен, економски профитабилен и продуктивен земјоделски систем, кој овозможува заштита на човечкото здравје, здравјето на животните и благосостојбата, како и заштита на животната средина.

Основен елемент за превенција на производите од загадување со патогени микроорганизми за време на растење (зреење), жетва, сортирање, пакување и чување е употребата на ДЗП.

Клучни елементи при имплементација на ДЗП програмата се:

- информации за претходно користење на почвата

- квалитет на водата

- менаџмент за ѓубрење на почвата

- присуство на диви животни и домашни животни

- пестициди

- хигиена на работниците

- санитарии итн.