HACCP - Систем за анализа на опасности и критични контролни точки

ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА HACCP СИСТЕМОТ
Идентификација на потенцијалните опасности и спречување на нивната појава со цел заштита на потрошувачите од труење со храна.

Зошто HACCP?

  • Се фокусира на идентификација и превенција на опасностите;
  • Се базира на научни методи;
  • Овозможува поефективна и поефикасна работа;
  • Флексибилен систем. Лесно се прилагодува на напредувањето на опремата; подобрување на производствениот процес и технолошкиот развој;
  • Ги подобрува односите меѓу производителите на храна и инспекторите, како и меѓу производителите и купувачите/консументите;
  • Ја зголемува довербата меѓу производителите и трговците и потикнува трговија;
  • Ги намалува бариерите на меѓународната трговија;
  • Ја зголемува конкурентноста на компаниите на светскиот пазар
  • Лесно се интегрира со системите за управување со квалитет (ISO 9001) и системите за управување со животна средина (ISO 14001)

Историјат на HACCP системот

  • National Aeronautics and Space Administration (NASA) во соработка со Pilsbury Company во почетокот на 1960 год го креирале HACCP системот за потребите на Американската вселенска програма.
  • во текот на 80-тите години зема широк замав во САД
  • денес законска обврска во многу држави меѓу кои и во Македонија

Законска обврска во Македонија

  • 2002 год: Закон за безбедност на храната и на производите и матерјалите кои доаѓаат во контакт со храната (Сл.Весник бр.54/2002,член 26)
  • 2006 год: Правилник за санитарно хигиенските услови за производство на храна (Сл.Весник бр.32/2006)

HACCP Пристап
Секој чекор во текот на процесот е означен и критичните ситуации се предвидени. При секој чекор и секој процес сите одговорни лица знаат:

  • како да се контролира процесот?
  • кога да се стопира процесот?
  • кој може да одлучи за стопирање на процесот?
  • како да се манипулира со сомнителен производ?

После ваква ситуација менаџментот ги има сите релевантни информации за да може да одлучи што понатаму.

  • Што треба да се направи истата ситуација повторно да не се појави?
  • Дали сите одговорни лица реагираат како што е пропишано?
  • Кој е финалниот трошок?

Активности кои претходат на воспоставување на HACCP систем

  • Формирање на HACCP тим
  • Опис на производот
  • Опис на очекуваната употреба на производот
  • Креирање на Flow дијаграм кој го опишува процесот
  • Верификација на Flow дијаграм

Принципи на HACCP Систем - Барања за примена на HACCP системот

Принцип: 1 Спроведување на анализа на опасности
Принцип: 2 Одредување на ККТ - Критични Контролни Точки
Принцип: 3 Утврдување на критични граници
Принцип: 4 Утврдување на систем за вршење контрола на ККТ
Принцип: 5 Дефинирање корективни мерки
Принцип: 6 Утврдување постапка за верификација за функционирањето на HACCP системот
Принцип: 7 Утврдување документација за сите процедури и записи кои произлегуваат од овие принципи и нивната примена

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА HACCP СИСТЕМОТ

  • Еден задоволен купувач ве води кон друг;
  • Усогласеност со законот;
  • Добра репутација;
  • Зголемување на профитот;
  • ПовISOк морал на персоналот;
  • Подобра работна околина.

НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕВОВЕДУВАЊЕ НА HACCP СИСТЕМОТ

  • Труење со храна, а понекогаш и смрт;
  • Поплаки од клиентите;
  • Навала на штетници;
  • Затварање на производствени капацитети;
  • Реакции од страна на цивилно населени;
  • Нарушување на угледот;
  • Загуби на профит.

КОРИСНИ СТРАНИЦИ