ISO 22000:2005 - Систем за безбедност на храна

Еден од предизвиците на нашето време е да се произведе и испорача безбедна храна.
Стандардот ISO 22000 е осмислен за да им помогне на претпријатијата да ги контролираат своите опасности по безбедноста на храната за да се осигура дека храната за време на конзумирање е безбедна.

ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ISO 22000

ISO 22000 ги опишува барањата за функционирање на делотворен систем за управување со безбедноста на храната (FSM - Food Safety Management) кој во себе ја интегрира употребата на техниките на Анализа на Опасности и Критични Контролни Точки (AOKKT ili HACCP - Hazard Analysis and Critical Control Point), дефинираните предуслови за безбедно производство на храна и комуникацијата со заинтересираните страни.

Системот за безбедноста на храната се однесува на сите видови претпријатија кои се непосредно или посредно опфатени во синџирот на храна - од производителите на храна и сточна храна, производителите на опремата, преработувачите до дистрибутерите на мало и големо.

Целта на стандардот е да се ускладат на глобално ниво барањата за управување со безбедноста на храната во прехрамбената индустрија и индустриите поврзани со нив и да се утврдат елементите кои го сочинуваат системот за управување со безбедноста на храната:

  • Сообразен со Кодексовите HACCP принципи;
  • Ги ускладува незедолжителните меѓународни стандарди;
  • Нуди пристап и структура кои се усогласени со стандардите ISO 9001 и ISO 14001;
  • Овозможува сеопшто разбирање на системот за управување со безбедноста на храната.

КОИ СЕ ПРИДОБИВКИ ОД ВОВЕДУВАЊЕ НА СТАНДАРДОТ ISO 22000:2005

  • Помага во идентификација на напредокот во процесите;
  • Ја намалува потребата и трошокот за тестирање на крајниот производ;
  • Обезбедува очигледна детална анализа;
  • Ја намалува веројатноста за отповикување на производите од пазарот;
  • Го засилува задоволството на потрошувачите;
  • Ги докажува персоналните перформанси со промоција на тимскиот дух;
  • Го потврдува моралот и мотивацијата на вработените преку чиста работна средина.