За нас
- Услуги
- Предноста на ЕМК
- Зошто да го изберете ЕМК
- Нашата гаранција
- Вработување
- Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа
- Сертификати на Еуромак Контрол
- Имате прашање? Повелете контактирајте не
- Адреса и локациска мапа
АНКЕТА
Кога планирате да започнете со транзиција на новата верзија на стандардот ISO 9000:2015?
Листа анкети Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија
тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com
Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа
Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа
Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа е стратешко насочување на Еуромак Контрол која се базира на нејзината мисија, визија, водечките принципи и клучните вредности.
Наша Мисија:
Ние постоиме за да им помогнеме на нашите купувачи да го подобрат квалитетот и безбедноста на производите и услугите и грижејќи се за животната средина!
Наша Визија:
Да бидеме прв избор на нашите купувачи на услугите и на вработените.
Да бидеме независна, неутрална и професионално оспособена организација со мотивирани, квалификувани, и креативно способни работници.
Наша Цел:
Да го развиеме Еуромак Контрол како достојна организација и доверлив партнер.
Да бидеме препознатливи во областа на контролата на квалитетот и консалтингот и секогаш да го работиме тоа на најдобар начин!
Еуромак - Контрол, спроведува деловни активности за постојано подобрување на квалитетот на своите услуги, заштита на животната средина и здравјето и безбедноста на вработените, согласно барањата на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007.
Еуромак - Контрол, определува и делува во остварување на поставените цели за квалитет, цели и програми за заштита на животната средина и здравјето и безбедноста при работа, согласно следните постулати:
- Исполнувањето на барањата на нашите купувачи е примарна цел на нашите активности.
- Квалитетна услуга која ги задоволува и надминува потребите и очекувањата на нашите купувачи;
- Спроведување на Политиката за интегрираниот систем при работа со континуирано подобрување и споредување со најдобрите.
- Лична одговорност на вработените за квалитетно и навремено извршена работа;
- Ги идентификува и контролира значајните аспекти кои имаат штетно влијание на животната средина;
- Ги извршува работните задачи согласно позитивните закони и прописи за дејноста, животната средина и здравјето и безбедноста при работа;
- Дефинира и спроведува правила на организацијата и применува меѓународни стандарди, се со цел подобрување на квалитетот на работењето;
- Континуирано се обучува за превентивно делување во спречување на загадувањето;
- За интегрираниот систем Раководството на Еуромак Контрол воспоставува Политика и Цели компатибилни со контекстот и стратегијата на организацијата.
- Раководството на Еуромак Контрол го промовира користењето на процесниот пристап и размислувањето базирано на ризици
- Раководството и сите вработени во Еуромак Контрол се должни целосно да ги почитуваат и реализираат барањата на ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001 : 2007, при извршувањето на своите работни обврски
- Раководството на Еуромак Контрол превзема крајна одговорност за ефективност на интегрираниот менаџмент систем.
Наши Императиви:
ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА, ПОДОБРИ ДЕНЕС ОД ВЧЕРА И СЕКОГАШ НАД ОЧЕКУВАЊАТА НА НАШИТЕ КУПУВАЧИ
УСПЕХОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗАВИСИ ОД ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ И БАРАЊАТА НА НАШИТЕ КУПУВАЧИ
КУПУВАЧОТ Е НАЈБИТНИОТ ПОСЕТИТЕЛ ВО НАШИТЕ ПРОСТОРИИ
Управител
Сузана Темелкоска