Еуромак Контрол
Васил Ѓоргов 29, локал 6
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Инспекција

Во сферата на контрола на квалитет и квантитет Еуромак-Контрол делува во повеќе насоки и врши квалитативна и квантитативна контрола на:

Прехранбени производи

  • Контрола на жита и мелнички производи, масти и масла од растително и животинско потекло, кафе, чај и зачини, алкохолни и безалкохолни пијалоци, млеко и млечни производи, овоштие и зеленчук и преработки од нив, месо и месни производи, добиток, сточна храна, дрво и производи од дрво, хартија и друго.

Хемиски производи

  • Бои и лакови, премази и лепила

Текстил и кожа

  • Контрола на памук, волна и останати влакна од билно и животинско потекло, синтетички влакна и целулоза, предиво од сите видови и ткаенини, конфекција и трикотажа, сирова и преработена кожа, кожни обувки и галантерија. Атестирање на сите текстилни сировини и производи од увоз и за извоз.

Нафта и нафтени деривати

  • Контрола на нафтени деривати, технички масла и масти и петрохемија

 


Одделот Инспекција на Еуромак Контрол од 15.03.2010 претставува Акредитирано Инспекциско Тело – ИТ -025, со 5 опсега на акредитација:

ü  Инспекција на квалитет и квантитет на жита

ü  Инспекција на квалитет и квантитет на производи од овошје и зеленчук

ü  Инспекција на масла од растително потекло

ü  Инспекција на квалитет и квантитет на течни горива

ü  Инспекција на квалитет и квантитет на текстилни производи

 

Овој опсег на акредитација на Еуромак Контрол го прави единствено Инспекциско тело во Р.Македонија со таков обем.