Еуромак Контрол
Васил Ѓоргов 29, локал 6
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


За нас

 

Почитувани посетители,

Еуромак-Контрол е стручно оспособена и специјализирана контролна организација, основана во 1999 во Скопје како друштво за техничко испитување, контрола на квалитет и квантитет и консалтинг. 

Еуромак-Контрол е прва консултантска фирма во Македонија сертифицирана согласно барањата на стандардите ISO 9001:2008 (Q-363/2001-05-30) и ISO 14001:2004 (Е-325/2009-02-18) и акредитирано инспекциско тело од страна на Институтот за Акредитација на Република Македонија за контрола на квалитет и квантитет на стоки.

Еуромак-Контрол нуди врвен квалитет и брзина при реализација на услугите, конкурентни цени, објективност и непристрасност.  Како резултат на таквото наше работење Еуромак-Контрол има успешна соработка со многу видни компании (мали и големи), институции и лаборатории како и со државни тела.  

Мисијата на Еуромак-Контрол е да нуди препознатлив квалитет на услугите, во бараниот рок да ги исполни барањата и очекувањата на корисниците на услугите и со тоа да ги доближи до европските стандарди на живеење како и да го заштити здравјето на потрошувачите.

Уверени сме, дека услугите кои ги нудиме се од интерес за работењето и на вашата организација. Ве покануваме да не контактирате за да дознаете како да ги искористите нашите искуства  и знаења за унапредување на работењето на вашата организација. 

 

Со почит,

Сузана Темелкоска дипл.инг.хем

Директор