Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Политика за квалитет на инспекциско тело на ЕМК

Политика за квалитет на инспекциско тело на ЕМК

Еуромак Контрол е препознатлива организација за квалитативна и квантитативна Инспекција на производите при извоз и увоз во државата.

Цел на ЕМК е да биде организација чии услуги се препознаваат по врвната компетентност, што на ЕМК му обезбедува меѓународна потврда и достојно рангирање на пазарот.

 

ЕМК со својата непристрасна и независна работа допринесува  за потврдување на квалитетот на производите, а со тоа и заштита на потрошувачите, заштита на здравјето на луѓето и заштита на животната средина што е од значење како при увозот, така и при извозот на производите.

Дејноста на ЕМК допринесува не само за задоволување на очекувањата на корисниците туку и за развојот на заедницата во целост.

 

Достигнување на наведените цели се реализира со:

 

-        посветеноста на Врвното раководство кон развојот и имплементирањето на менаџмент системот и неговата ефективност во постигнувањето на доследно исполнување на стандардот МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17020:2006

-        максимална заложба на сите вработени;

-        професионална непристрасна, објективна и совесна работа на сите вработени со строго почитување на соодветни стандарди и технички прописи;

-        користење на проверена опрема за мерење, Инспекција и испитување;

-        примена и унапредување на системот за квалитет согласно стандардот МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17020:2006;

-        акредитација од страна на ИАРМ;

-        редовни интерни проверки и преиспитување на системот од страна на раководството;

-        анализа на задоволството на корисниците и споредба со конкуренцијата;

-        добра интерна и екстерна комуникација;

-        континуирано подобрување на процесите во организацијата;

-        постојана обука на персоналот;

-        следење и примена на најновите достигнувања од соодветните области;

-        адекватни финансиски ресурси, кои се обезбедуваат преку основната дејност на ЕМК;

-        создавање на амбиент кој ги потикнува вработените на креативност и позитивни промени.

 

 

      Скопје                                                                                     Управител

Ноември, 2014 год.                                                   Темелкоска Сузана дипл.хем.инж