Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа

Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа

Политиката за квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа е стратешко насочување на Еуромак Контрол која се базира на нејзината мисија, визија, водечките принципи и клучните вредности.

 

       Наша Мисија:

Ние постоиме за да им помогнеме на нашите купувачи да го подобрат квалитетот и безбедноста на производите и услугите и грижејќи се за животната средина!

       Наша Визија:

Да бидеме прв избор на нашите купувачи на услугите и на вработените.

Да бидеме независна, неутрална и професионално оспособена организација со мотивирани, квалификувани, и креативно способни работници.

       Наша Цел:

Да го развиеме Еуромак Контрол како достојна организација и доверлив партнер.

Да бидеме препознатливи во областа на контролата на квалитетот и консалтингот и секогаш да го работиме тоа на најдобар начин!

 

            Еуромак - Контрол, спроведува деловни активности за постојано подобрување на квалитетот на своите услуги, заштита на животната средина и здравјето и безбедноста на вработените, согласно барањата на стандардите ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007.

            Еуромак - Контрол, определува и делува во остварување на поставените цели за квалитет, цели и програми за заштита на животната средина и здравјето и безбедноста при работа, согласно следните постулати:

-                      Исполнувањето на барањата на нашите купувачи е примарна цел на нашите активности.

-                      Квалитетна услуга која ги задоволува и надминува потребите и очекувањата на нашите купувачи;

-                      Спроведување на Политиката за интегрираниот систем при работа со континуирано подобрување и споредување со најдобрите.

-                      Лична одговорност на вработените за квалитетно и навремено извршена работа;

-           Ги идентификува и контролира значајните аспекти кои имаат штетно влијание на животната средина;

-           Ги извршува работните задачи согласно позитивните закони и прописи за дејноста, животната средина и здравјето и безбедноста при работа;

-           Дефинира и спроведува правила на организацијата и применува меѓународни стандарди, се со цел подобрување на квалитетот на работењето;

-           Континуирано се обучува за превентивно делување во спречување на загадувањето;

-          За интегрираниот систем Раководството на Еуромак Контрол воспоставува Политика и Цели компатибилни со контекстот и стратегијата на организацијата.

-               Раководството на Еуромак Контрол го промовира користењето на процесниот пристап и размислувањето базирано на ризици

-               Раководството и сите вработени во Еуромак Контрол се должни целосно да ги почитуваат и реализираат барањата на ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001 : 2007, при извршувањето на своите работни обврски

-               Раководството на Еуромак Контрол превзема крајна одговорност за ефективност на интегрираниот менаџмент систем.

 

Наши Императиви:

ДА БИДЕМЕ ПОДОБРИ ОД КОНКУРЕНЦИЈАТА, ПОДОБРИ ДЕНЕС ОД ВЧЕРА И СЕКОГАШ НАД ОЧЕКУВАЊАТА НА НАШИТЕ КУПУВАЧИ

УСПЕХОТ НА ОРГАНИЗАЦИЈАТА ЗАВИСИ ОД ИСПОЛНУВАЊЕТО НА ПОТРЕБИТЕ И БАРАЊАТА НА НАШИТЕ КУПУВАЧИ

КУПУВАЧОТ Е НАЈБИТНИОТ ПОСЕТИТЕЛ ВО НАШИТЕ ПРОСТОРИИ

                                                                                               

                                                                                                            Управител

                                                                                                      Сузана Темелкоска