Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Услуги на Еуромак Контрол / Uslugi na Euromak Kontrol

Консултантски услуги кои ги врши Еуромак-Контрол се:
  • имплементација на стандардот ISO 9001:2008 - Систем за управување со Квалитет;
  • имплементација на стандардот ISO 14001:2004 - Систем за управување со Животната средина;
  • имплементација на стандардот ISO 17025:2005 - Акредитација на лаборатории за тестирање и калибрирање;
  • имплементација на стандардот OHSAS 18001:2007 - Систем за управување со здравје и безбедноста при работа;
  • имплементација на стандардот ISO 22000:2005 - Систем за производство на безбедна храна согласно барањата на ;
  • имплементација на HACCP - Систем за анализа на опасности и критични контролни точки;
  • подготовка на техничка документација за добивање на Интегрирана еколошка дозвола (IPPC);
  • подготовка на техничка документација за добивање на CE знак;
  • стручна помош при избор на меѓународно акредитирани организации за сертификација на ISO стандарди , CE знак, Global Gap;

Еуромак-Контрол е специјализирана за сите видови контроли со договорен квалитет и контроли согласно овластувањето од Министерство за Економија за вршење на контрола на квалитет на земјоделските производи и прехранбените производи во надворешно трговскиот промет и во склад со домашните и меѓународните стандарди  врши квалитативна и квантитативна контрола на:

  • прехрамбени производи
  • хемиски производи
  • текстилни производи
  • нафта и нафтени деривати
Еуромак-Контрол врши мерења на:
  • бучава
  • вибрации
  • испитување на гасови
  • испитување на отпадни води и

согласно овластувањето од Министерство за Животна Средина и Просторно Планирање за стручни работи за заштита и унапредување на животната средина и природа, Решение бр.07-1728/1

Изработува еколошко-технолошки елаборати вклучувајќи:

  • Еколошки елаборати
  • Проценка на влијанието врз животната средина
  • Предлог мерки (идејно решение со анализа)
Испитувањата и консалтингот се вршат од страна на 10 постојано вработени и технички високообразовани лица со меѓународни обуки и искуство во контролата на квалитетот и квантитетот на стоки и консалтинг при имплементација на меѓународни стандарди. Сите испитувања кои ги врши Еуромак-Контрол се вршат согласно MKC - Стандарди, ISO Стандарди, ASTM Стандарди, DI Стандарди.