АНКЕТА

Кога планирате да започнете со транзиција на новата верзија на стандардот ISO 9000:2015?




Гласај
 
Листа анкети

Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Безбедност и здравје

Во 2007 година, Собранието на Република Македонија го донесе Законот за безбедност и здравје при работа. Со овој закон се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа.

 

Согласно Законот, работодавачот треба да изготви Изјава за безбедност, да изврши проценка на ризик на работни места, обука на вработените, преглед на опремата со која се работи и да изврши периодични мерење во работната средина.

 

На кој начин ова може да влијае на Вашата организација:

 

Согласно Законот, глоба од 2.000 евра ќе се изрече за прекршок на правното лице, ако:

-       не назначи едно или повеќе лица одговорни за безбедност при работа во својата работна средина (чл. 17 алинеја 1),

-       не утврди план за евакуација и спасување за вонредни ситуации (чл. 24 став 4)

-       испитувањата од членот 34 на овој закон не ги изврши во рок од една година од денот на започнување на објектот со работа, односно по секоја промена на технолошкиот процес, реконструкција на објектот, реконструкција на техничките инсталации или при измена на технолошката опрема (чл. 35).

 

Согласно Законот, глоба во износ од 5.000 до 8.000 евра ќе се изрече за прекршок на правното лице, ако:

-       не изготви и не спроведе изјава за безбедност во писмена форма и проценка на ризик на работно место,

-       не обезбеди обука на вработените за безбедно извршување на работите (чл. 31),

-       средствата за работа не ги одржува во исправна состојба (чл. 33 став 1) и

-       во работните и помошните простории не изврши испитување на хемиските, биолошките, физичките штетности, микроклимата и осветленоста (чл. 34).

 

Работодавачот, кој нема вработено Стручно лице за безбедност, обврските и работите за безбедноста и здравјето при работа утврдени со овој закон, може да ги довери на овластени правни или физички лица.

 

Комплетниот Закон за безбедност и здравје при работа можете да го симнете на web страната на Министерство за труд и социјална политика или на http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/zakon%20za%20bezbednost%20i%20zdravje%20pri%20rabota.pdf.

 

Доколку Ви е потребна помош, слободно контактирајте ги нашите стручни лица за безбедност при работа кои ќе ви помогнат со совет или информација.

 

(02) 3124-322