Лабораторија

АНКЕТА

Кога планирате да започнете со транзиција на новата верзија на стандардот ISO 9000:2015?




Гласај
 
Листа анкети

Еуромак Контрол
Васил Ѓоргов 29, локал 6
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Еколошка Лабораторија

Проценка на значајните влијанија врз животната средина претставува превентивна мерка за заштита на животната средина, која се заснова на:

  • Изработка на студија;
  • Анализа на алтернативни решенија;
  • Утврдување и предлагање мерки, кои штетните влијанија можат да ги спречат, намалат или отстранат.

Цел на ваквата проценка на влијанијата врз животната средина е да се соберат податоци и да се предвидат штетните влијанија врз животната средина, односно влијанијата врз вода, воздух, почва, животот и здравјето на луѓето, како и утврдување и предлагање на мерки кои истите можат да ги спречат, намалат или отклонат.
Предмет на проценка на влијанијата врз животната средина се разните проекти кои се планираат да се констуираат и изведат, реконструкција, воведување на нови технологии, престанување со работните активности (ремедијација) како и отклонување на значајните штетни влијанија врз животната средина.

За проценка на влијанијата врз животната средина, Еуромак-Контрол, како овластена институција, врши:

  • Мерење на респирабилна прашина;
  • Мерење на хемиски штетности;
  • Мерење на штетни материи во издувни гасови од оџак;
  • Мерење и анализа на ниво на бучава;
  • Мерење и анализа на вибрации;
  • Мострирање и лабораториска анализа на отпадна вода.

За вршење на мерењата, Еуромак Контрол располага со современа опрема и апаратура, а анализата на податоците добиена од извршените мерења ја врши обучен и стручен кадар.

Врз основа на извршените мерења Еуромак- Контрол изработува:

  • Еколошко-технолошки елаборати;
  • Технички извештаи;
  • Документација за добивање на интегрирани еколошки дозволи за усогласување со оперативен план;
  • Проекти за начинот на управување со опасен и неопасен отпад;
  • Разни студии за проценка на влијанијата на проектите врз животната средина.

Целта за изработка на Интегрирани еколошки дозволи е да се постигне спречување или намалување на загадувањето на најмала можна мера со што стандардите на квалитет не животната средина на Р. Македонија ќе се подигнат на ниво на Европските Стандарди и норми.

Согласно Законот за животна средина (Сл.Весник на РМ бр. 53/05, 81/05), се воведуваат два вида на дозволи:

  • А интегрирана еколошка дозвола;
  • Б интегрирана еколошка дозвола.

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) е надлежен орган за издавање на А интергирана еколошка дозвола, додека пак за Б интегрираната еколошка дозвола надлежен орган се единиците на локалната самоуправа со исклучок на оние инсталации кои се наоѓаат во заштитени подрачја за кои дозволата ја издава МЖСПП.