ISO 17020:1998 - Стандард за акредитација за инспекциски тела

ISO 17020:1998 е меѓународен стандард кој е изработен со намера докажување компетентност на телата кои вршат контрола (инспекција) а чие што работење е усогласено со барањата дефинирани во стандардот ISO 17020.

ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ISO 17020

Контролните тела спроведуваат оценување за приватни клиенти, за своите матични организации и/или органи на управата со цел да обезбедат информации за заинтересираните страни а кои се однесуваат на усогласеност со прописи, стандарди или спецификации.

Стандардот ISO 17020 опфаќа:

  • Општи барања на стандардот;
  • Административни барања;
  • Барања за независност, доверливост, непристрасност и интегрираност;
  • Персонал, опрема и мерила;
  • Методи и постапки на контролирање;
  • Ракување со мостри и предмети кои се предмет на контрола;
  • Извештаи и сертификати од контрола
  • Поддоговарања;
  • Соработка со други контролни тела.

Стандардот ISO 17020 е наменет за контролни тела кои вршат испитување на:

  • Материјали;
  • Производи;
  • Инсталации;
  • Постројки;
  • Процеси;
  • Услуги

со цел утврдување на нивната усогласеност со барањата; издавање на извештај на клиентите за овие активности или на органите на управата.