Еуромак Контрол
Васил Ѓоргов 29, локал 6
1000 Скопје, Македонија

тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com


Изјава за непристрасност, независност и објективност во работењето

Изјава за непристрасност, независност и објективност во работењето

Работењето на инспекциското тело, се врши со почитување на начелата на МКС ЕН ИСО/ИЕЦ 17020:2012, со задоволување на барањата на корисникот и интересот на останатите заинтересирани страни.

 

При тоа важат следните правила:

§  во односот со корисниците вработениот, мора да ја искаже службената човечност, коректност и објективност во пристапот и разјаснувањето на постапката на работа;

§  сите постапки за контролирање ќе бидат применети и преиспитани, во согласност со утврдените начини на постапување со барањата на корисникот и планираната работа, без дискриминација на потенцијалниот корисник;

§  не постои никаков повластен третман на прифатеното барање за контролирање, во однос на статусот на корисникот,  видот на работа или цената на работата, со исклучок на планираниот распоред на извршување на работата во одреден период

§  инспекциското тело мора да биде одговорно за непристрасност при неговите инспекциски активности и не смее да дозволи комерцијални, финанасиски и други притисоци да ја компромитираат непристрасноста.

§  вработените во Инспекциското тело тековно мора да идентификуваат ризиците насочени кон неговата непристрасност. Идентификувањето на ризиците што произлегуваат од неговите активности или од неговите релации, или од релациите на неговиот персонал.

§  вработените во Оддел Инспекција не смеат

o   да примаат од нарачателот на работа, никакви подароци ниту други знаци на внимание;

o   да прифатат било каков посебен однос со корисникот (на пример, фамилијарност со корисникот и сл.), со исклучок на професионално извршување на бараните услуги;

o   да се впуштаат во било какви работи надвор од делокругот на декларираното контролирање; во случај на недоразбирање во односот со корисникот, вработениот секогаш треба да го консултира Управител, кој за тоа одлучува врз основа на искуството и критериумите за избегнување на било какви активности, со кои би ослабела довербата и компетентноста, непристрасноста, правичноста или професионалноста на вработениот;

§  со организациската поделба на задачите и работата, податоците од инспекциите достапни се исклучиво на надлежниот персонал;

§  информацискиот систем заштитен е од неовластен пристап периодично променливи шифри, за чие поставување и менување задолжен е Управителот, односно задолжен извршител кој е овластен од Управителот;

§  пристапот на просторот за контролирање и неговото користење го одредува Управителот,

§  доколку преставници на корисникот, сакаат да присуствуваат во контролирањето на сопствените примероци; треба истото претходно да биде најавено,

§  представник на корисникот во утврдениот термин, во просторот на контролирање не смее да види примероци и документација од други корисници.

 

Целиот персонал на Инспекциското тело, без разлика дали е внатрешен, надворешен или раководство, што може да влијае врз активностите на инспекција, мора да дејствува непристрасно.

 

Инспекциското тело што е вклучено во активностите на вршење инспекција не смее да добие надоместок што на било каков начин ќе влијае на резултатите на инспекцијата.

 

Заработката на вработените не зависи од видот, бројот и резултатите на извршените контролирања.

 

 

Изјавата за непрострасност, независност и објективност доследно се применува и на истата се обврзуваат, раководството и сите вработени  во Еуромак Контрол.

 

 

Непридржувањето на овие правила се смета за повреда на работните обврски