ОБУКИ
АНКЕТА
Кога планирате да започнете со транзиција на новата верзија на стандардот ISO 9000:2015?
Листа анкети Еуромак Контрол
Ул.Стогово бр.13А
1000 Скопје, Македонија
тел/факс: +389(2) 3124 322
mail@euromakkontrol.com
ОБУКА ЗА ИНТЕРЕН ПРОВЕРУВАЧ ЗА ISO 9001
5-6 ОКТОМВРИ 2012
ОБУКА ЗА ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ НА СТАНДАРДОТ ISO 9001:2008
(ISO 9001 INTERNAL AUDITOR TRAINING)
05 - 06 Oктомври 2012 год. , Скопје
Еуромак Контрол во соработка со Сертификационото тело, SIQ (Словенски институт за квалитет и метрологија), членка на IQNET, ќе одржи обука за интерни проверувачи за ISO 9001:2008.
Обуката ќе се одржи во петок и сабота, од 05.10 до 06.10.2012 во просториите на Црвен Крст Скопје, бул. Кочо Рацин 13, 1000 Скопје, Р.Македонија.
ЦЕЛ НА OБУКАТА: |
Целта на обуката е кандидатите да стекнат знаење и да се обучат за техниките кои се неопходни за оценување на усогласеноста на системите за менаџмент на компанијата согласно барањата на ISO 9001:2008. По завршувањето на обуката кандидатите ќе бидат обучени да:
- Гиразбираат термините и дефинициитево врска соISO 9001:2008
- Во пракса ги толкуваатбарањата на ISO 9001:2008 од позиција на проверувачи
- Разберат кои се одговорностите и овластувањата на проверувачите
- Пишуваат објективни наоди од проверката кои можат лесно да се верифицираат(Неусогласености и Барања за подобрување)
- Извршуваат следствена проверка за да ја потврдатефективноста на превземените корективни и/или превентивни мерки
- Ги разбираат односите помеѓуISO 9001:2008 и останатите стандарди
- Собираат докази низнадгледување, интервјуирање и анализирање на документи и евиденција на истите
- Подготвуваат, планираат и спроведуваат интерни проверки за ISO 9001:2008со водење на адекватна документација
- Да гиидентифицираат и разбираатпринципите,процесите и техниките кои се користатза оценка на системот за менаџмент со квалитет
- Известуваат за оценувањето, вклучувајќипишување на валидни извештаиза усогласеноста, заснована на факти
- Планираат, извршуваат и известуваат за оценувањето на целиот системза менаџмент со квалитет
- Извршуваат проверкабазирана на процесен пристап во согласност собарањата на стандардотISO 19011:2002иISO17021:2006
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА ОБУКА: |
Оваа обука им е наменета за менаџери за квалитет, сопственици на бизнис, контролори на квалитет, интерни проверувачи, персонал за набавка, менаџери на производство, технолози и инженери, членови на тим за квалитет, лица вклучени во имплементација, персонал за продажба, како и сите останати кандидати кои се заинтересирани да се информираат и да станат интерни проверувачи на стандардотISO 9001:2008.
ПРИДОБИВКИ: |
- Знаења и вештини за ефективно извршување на интерна оценка на вашиот систем за менаџмент со квалитет
- Спроведување на проценка на ризик на ефикасноста и созреаноста на вашиот систем за менаџмент со квалитет
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА: |
Обуката се состои од предавања, презентации и практични вежби. Во текот на курсот кандидатите ќе бидат оценувани континуирано како за индивидуалната така и за тимската работа и како и според резултатите кои ќе ги покажат на писмениот испит кој ќе го полагаат на крајот на обуката.
МАТЕРИЈАЛИ ЗА ОБУКАТА: |
Секој учесник на обуката ќе добие комплет од материјали, односно папка со програма за обуката, печатена презентација од обуката, како и печатена форма од практичните вежби од самата обука.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ОБУКАТА: |
Курсот ќе се изведува во текот на два дена со времетраење од вкупно 16 часа.
ПРИДОБИВКИ: |
На крајот од курсот по положениот писмен испит, учесниците ќе се здобијат сосертификат за интерни проверувачи согласно стандардот ISO 9001:2008, од страна на Сертификационо тело SIQ.
НАЧИН НА РЕГИСТРАЦИЈА: |
За да ја посетите оваа обука неопходно е да ja пополните Пријавата за учество на обука за интерни проверувачи и да го уплатите износот од 14.500 ден. плус ДДВ на наша сметка најдоцна до 02.10.2012.
НАПОМЕНА:
- За пријавени 2 - 4 кандидати од иста организација следува 10% попуст
- За пријавени над 5 кандидати од иста организација следува 20 % попуст
Важно е да напоменеме дека максималниот број на кандидати е ограничен на 20 учесници.
Пријава за вашето учество може да испратите најдоцна до02.10.2012 г., на факс 02-3126-920 или е-маил mail@euromakkontrol.com